Легендарниот „911“ неодамна доби нова верзија, а сега корисниците преку програмата за „шминкање“ можат во гаражата да го паркираат автомобилот од соништата.
Па така во каталогот за „911 Carrera 4S“ се наоѓаат опции за затемнување на светлата, нова боја со висок сјај за прскалките, нови лајсни, бандажи „Carrera Sport“ oд 20-инчи, како и уште малку шминка за ретровизорите.
Исто така тука се и бројните опции за ентериерот, екслузивни клучеви, но и можност за вградување на црни спортски издуви, тонирање на стаклата, како и изработка на знакот на „Porsche“ и натписи на моделот во црна боја.