На меѓународниот пливачки митинг – Немо Куп кој се одржа изминатиов викенд во Скопје пливачите на Пливачкиот клуб Бета освоија вкупно 129 медали од кои 55 златни, 44 сребрени и 30 бронзени, воедно Пливачкиот клуб Бета беше прогласен и за најдобар клуб на овој митинг.
Како најдобри пливачи по категории беа:
-Во апсолутна категорија Стојаноски Андреј
-Во категорија кадети Јаневска Ана
-Во категорија постари пионери Блажевска Еминова Миа
-Во категорија помлади пионери Стефановски Мартин
Беа срушени два државни рекорди и тоа Матеј Цветановски постави нов рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 27,79 и Миа Блажевска Еминова во дисциплината 100 метри мешано со време 1.24,18.