4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 4 месеци повторно раст на фабричките нарачки во Германија

По 4 месеци повторно раст на фабричките нарачки во Германија

rabotnik 33

Фабричките нарачки во Германија се зголемија за прв пат по четири месеци, откако нивниот раст ги надмина просечните очекувања на аналитичарите.

Показателот забележа раст од 1,8% во октомври, по ревидираниот пад од 0,7% еден месец порано. Предвидувањата на пазарните учесници беа за зголемување од 1,2%. На годишна основа, сепак фабричките нарачки во водечката европска економија се уште бележат пад од 1,4%.

Рекордно најниската невработеност во Германија и постојаниот раст на платите се фактори кои придонесуваат за зголемената активност на економијата. Германската економија се очекува да е во основата на растот на еврозоната, па поради тоа се повеќе финансиски институции ги зголемуваат прогнозите за нејзиното претставување во наредната година.

„По слабите резултати на фабричките нарачки во третиот квартал, податоците за октомври се оптимистички и покажуваат закрепнување. Побарувачката на германски стоки во еврозоната се засилува“, се вели во изјавата на Министерството за економија во земјата.

Нарачките на стока за широка потрошувачка се зголемија за 9,2% во октомври, според извештајот, додека оние на инвестициските стоки се зголемија за 4.2%. Германската централна банка ги задржи прогнозите за раст на економијата за оваа и следната година при ниво од 1,7% и 1,8%. Очекуваниот раст за 2017-та година е во износ од 1.7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП