19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОглас за работа како љубовно писмо

Оглас за работа како љубовно писмо

oglas1

Џон Џенгер, извршниот директор на компанијата „Accolo“ која се занимава со регрутирање, вели дека поголемиот дел од огласите за работа се грозни и многу неефикасни. Зошто?

„Општите наслови на огласите за работа и стандардната листа за квалификации, одговорностите и описот на работата повеќе не се применуваат во праксата“, вели Џенгер и додава:

„Замислете како е да отворите профил за барање на партнер онлајн и во него да напишете дека посакуваниот партнер мора да биде висок, да има солидни примања, куќа, автомобил… фала, пријавете се овде – да, така се напишани повеќето огласи за работа.“

Не го вработувајте „целиот свет“. Вработете еден одличен кандидат за кој ќе морате да знаете да објасните што е тоа што го прави вашиот кандидат одличен, личност која сакате да ја видите како дел од својот тим.

Тоа е љубовно писмо, вели Џенгер: „Одличниот оглас за работа е писмо наменето на (една) конкретна личност. Напишете општ наслов и ќе вработите општа личност“.

Тој вели дека најдобро е кога огласот му ја испраќа следнава порака на кандидатот: „Сеуште не те познаваме, но знаеме дека ќе ти се допадне оваа работа“.

Ова може да звучи како изводливо кога се во прашање креативни работи и работи кои се обраќаат на помладата популација, но Џенгер тврди дека во прашање е пристапот кој може да се примени за било кој оглас за работа.

„Всушност, многу поедноставно е да се напише таков оглас, отколку досадни информации кои ги содржат сите огласи за работа.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП