4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени националните волонтерски награди за 2015

Доделени националните волонтерски награди за 2015

volonterski

Во пресрет на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтирањето, во четвртокот во Битола беа доделени Националните волонтерски награди за 2015 година, во организација на Младинскиот културен центар – Битола како Волонтерски центар на Македонија, со поддршка на Програмата Civica Mobilitas.

Признанието Златен волонтерски сертификат за 2015 година за волонтерска иницијатива, им беше доделен на Здружението на граѓани „Легис” Скопје, за волонтерскиот ангажман за хуманитарна помош за бегалците и мигрантите кои транзитираат низ Македонија, како и за лобирање за промени во Законот за азил и овозможување на слободен транзит низ Македонија.

Со првата жртва на пругите во Македонија, оваа организација почна да се интересира за состојбата на „илегалните мигранти“ кои транзитираат низ Македонија, пешки. Од ноември 2014, почнаа редовно да носат храна и зимска облека и обувки, покрај пругите, да ги чекаат со часови бегалците, но и неделно да доставуваат залихи за бегалците. Покрај ова работеа, и со Human Rights Watch на истражувањето за состојбата на бегалците во Македонија, како и на лобирање кај политичките партии за промени во Законот за азил и овозможување на слободен транзит низ Македонија и легализирање на нивниот престој. Во мај 2015 измените беа прифатени така што од јуни 2015 имаме нов  хуман закон.

Златен волонтерски сертификат за 2015 година доби и иницијативата Ретвитни оброк, која претставува континуирана акција на неформални група, односно твитерџиска акција која ги обединува готвачите и гладните.

Се започна многу спонтано со еден твит од 26ти март. Идејата беше едноставна, наместо слики од оброци на инстаграм и твитер – да се споделуваат вистински оброци за оние кои имаат потреба од тоа. Активисти ја готват храната дома и истата ја носат зад куќата на Мајка Тереза и ја споделуваат со бездомници, сиромашни или луѓе кои немаат пари ниту за леб. Започнаа со група од околу 10-тина готвачи, а сега по 100-та сабота на успешно спроведена акција на Ретвитни Оброк се постигна многу повеќе, се зголеми бројот на волонтерите и донациите како од индивидуалци така и од хотели, здруженија, маркети и константно се зголемува и бројот на заинтересирани граѓани кои помагаат.

Златен волонтерски сертификат за 2015 година е доделна и за иницијативата „На точак“, по номинација за „Критична маса – На Точак“ од новинарката Ана Јовковска. Критична маса е отворен концепт кој се шири низ светот со брзина побрза од таа на точакот. Критична маса е отворена платформа за средби, размена на идеи и акции на сите кои имаат интерес за велосипедизмот. Овој Сертификат е наменет за целата иницијатива „На Точак“ но со оглед на тоа што во сите шест градови има различни тимови, сите иницијативи (Битола на точак, Скопје на точак, Штип на точак, Гостивар на точак, Тетово на точак и Прилеп на точак) добија „Златен волонтерски сертификат“ за 2015.

По доделувањето на сертификатите, во битолскиот кафе бар „Порта џез“ се одржа јавна дискусија на тема „Волонтирањето како прв чекор во вклучувањето на граѓаните во развој на заедницата“. Воведничари на оваа тема беа Златко Талевски од МКЦ Битола, Марјан Забрчанец, граѓански активист и Андреј Багнато, волонтер од Мировниот корпус, додека со дебатата модерираше Сашо Додовски од МКЦ Битола.

На дебатата беше посочено дека за долгорочен развој на волонтирањето во Македонија потребно е да се дискутира и разреши прашањето за редефинирање на перцепцијата за тоа што е волонтирањето во суштина и како да се доближи изворниот концепт на волонтирањето до пошироката јавност и граѓаните.

Оттука, на дебататa се дискутираше за Граѓанскиот активизам започнува со волонтирање: колку се волонтира во граѓанскиот сектор во Македонија?, Волонтирањето наспроти практиканството: разграничување на концептите пред јавноста; Законот за трансформација на работни места и неговото влијание врз волонтирањето во јавните институции; Унапредување на овозможувачката околина за развој на волонтирањето во локалната заедница: состојби и предизвици; Презентација и искуства од САД и од работата на волонтерите на Peace Corps во Македонија итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП