3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на СП и КБ го одбележаа трговскиот ден на Македонската берза...

Акциите на СП и КБ го одбележаа трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност

berzaaaaaa555556

По нетрговската среда на Македонската берза за хартии од вредност, во четвртокот беше реализирана блок трансакција со акцијата на „Скопски Пазар“ АД Скопје преку која беа истргувани 467 акции по цена од 8.000,00 денари, со што акцијата оствари промет од 3.736.000,00 денари.

Најтргувана акција, исто како и во вторникот, повторно беше акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје. Вкупно 4.390 акции беа истргувани по просечна цена од 2.251,29 денари, со што акцијата забележа раст од 0,82 отсто. Вкупниот промет со оваа акција изнесуваше 9.883.154,00 денари, што претставува 61 отсто од вкупно реализираниот промет на пазарот вчера.

Акцијата на „Македонски Филм“ АД Скопје првпат оваа година имаше трансакција. Последното тргување со оваа акција е реализирано на 21.05.2014 година, по цена од 99,00 денари. Со вчера реализираните 3.938 акции по просечна цена од 171,00 денар, оваа акција забележа пораст од 72,73 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП