4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 80 компании понудија работа на Саемот за вработување во Скопје

Над 80 компании понудија работа на Саемот за вработување во Скопје

saem-vrabotuvanje

Со повеќе од 80 компании кои нудеа работа и стотици граѓани кои дојдоа да ја најдат посакуваната работна позиција и да се информираат за новитетите на работодавците, беше затворен вториот караван на Саемите за вработување.

Последниот Саем за вработување се одржа во Скопје во СЦ Борис Трајковски, на местото каде што и пред повеќе од една година започна целиот проект на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, кој по добиените резултати се покажа како успешен.

„Заклучно со 7-от саем кој што беше во Куманово имаме 228 директни вработувања и уште 290 лица ќе бидат вработени во следниот месец ипол во компаниите кои што понудија работа на Саемите за вработување 2015. Инаку досега има 4.000 позитивни CV-а кои што се примени во компаниите, а над 900-ни лица се повикани на интервју. Очекуваме оваа бројка да биде зголемена барем двојно во наредниот период. Заедно со ланските саеми каде што имаме над 600-ни вработувања, заклучно со саемот во Куманово, имаме над 800 вработувања. Најголем интерес има за вработувања на лицата до 35 години, но радува фактот дека има и солидна бројка на интерес за вработувања на лицата над 50 и 58 години, бидејќи овие старосни групи имаат искуство и знаење кое може и тоа како добро да се искористи за едукација на помладите“, изјави Влатко Поповски, Директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

По примерот на светските трендови, со Саемите за вработување им се даде можност на сите невработени луѓе од нашата држава, особено на младите, да дознаат што точно се бара на пазарот на труд и можност да остварат близок контакт со компаниите кои нудат работа и да аплицираат со свое CV за посакуваната работна позиција.

„Целта на овој саем за вработување на кои присуствуваат околу 80 компании е невработените лица побрзо и полесно да дојдат во контакт со претставници на оние компании кои што имаат потреба од нови работници и имаат слободни работни места. Овој саем го користиме за да го промовираме и презентираме новиот оперативен план за 2016-та година во кој што се предвидени над 27 мерки и обуки и вкупно 710 милиони денари за реализација на овие мерки “, изјави Диме Спасов, заменик министерот за Труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП