4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија до крајот на 2016-та ќе отпушти 35.000 вработени во јавната управа

Србија до крајот на 2016-та ќе отпушти 35.000 вработени во јавната управа

rabotnicki 3

Во Србија во текот 2016 година без работа во јавната управа би требало да останат околу 35.000 луѓе, а првите 14.000 откази ќе следат веќе во јануари, предвидува документот за фискалната стратегија што го усвои српската влада.

Со фискалната стратегија за следните три години, меѓу другото, е предвидена и одлуката за максимален број вработени, а согласно договорот со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Србија мора да ги намали и трошоците за платите на вработени во јавниот сектор, и тоа за 3 отсто во 2016 година, како и за дополнителни 5 проценти во 2017 година.

Според текстот на документот за фискалната стратегија и проекциите, за 2017 и 2018 година предвидено е натамошно намалување на дефицитот во државната каса, за што владата на Србија ја има поддршката од ММФ.

Србија во февруари годинава склучи аранжман со ММФ во износ од 1,2 милијарди евра, но владата и покрај досегашните три позитивни рецензии, се изјасни дека нема намера да ги повлече тие средства, туку ги третира како аранжман од предострожност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП