18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНЛБ Тутунска банка „Најдобра банка во Македонија за 2015-та година“

НЛБ Тутунска банка „Најдобра банка во Македонија за 2015-та година“

banka nlb nagrada

На 2-ри декември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2015-та година“ од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“.

На свечената церемонија којашто се одржа на 2-ри декември во Лондон, каде присуствуваа надобрите банки од над 152 земји во светот, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2015-та година.

За најдобра банка во Македонија за 2015-та година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Ова е осми пат како НЛБ Тутунска банка ја добива оваа престижна награда, со што Банката стана најнаградувана банка од Република Македонија.

Наградата за најдобрите банки се базира на особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици, и согласно тоа постигнатите извонредни финансиски резултати.

banka nlb nagrada1

НЛБ Тутунска банка во 2014-та година оствари добивка од 11 милиони евра, а за привите десет месеци од 2015-та година добивката изнесува 14,6 милиони евра, што ја прави оваа Банка една од најпрофитабилните компании во земјата. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст, современите системи на управување и професионална услуга која овозможува создавање долгорочна деловна соработка со клиентите.

Оваа година, Банката прослави 30 години јубилеј од основањето, период во кој Банката во континуитет растеше и остваруваше позитивни финансиски резултати.

Во 2016-та година, НЛБ Тутунска банка планира нов инвестициски циклус со кој ќе го поддржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија од сите стопански дејности. Дополнително, Банката планира нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите брз, ефтин и едноставен пристап до услугите на Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП