18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостои простор за пад на каматите поради силната конкуренција

Постои простор за пад на каматите поради силната конкуренција

percent-down-arrow

Првиот човек на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски очекува дека поради силната конкуренција во банкарскиот сектор би можело наскоро да дојде до натамошен пад на каматите на кредитите.

„Може да дојде и до намалување на каматните стапки. Пазарот е мал, а конкуренцијата е силна, поради што не ја исклучувам можноста банките во потрага по нови клиенти да ги намалат каматите на кредитите“, рече Јанчевски, кој е и претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

Запрашан до каде би можела да оди долната граница на каматата на кредити, Јанчевски одговори дека тоа ќе го одреди пазарот односно понудата и побарувачката.

„Од друга страна, во ситуација на зголемен одлив на депозити банките стануваат принудени да ги зголемат каматите“, појасни Јанчевски.

Тој истакна дека банките и во следната година ќе продолжат да одобруваат потрошувачки кредити, додавајќи дека според официјалните податоци населението не е презадолжено, а се намалил и бројот на нефункционални кредити кај населението.

Првиот човек на Здружението на банкарство информираше дека банкарскиот сектор е стабилен и дека годината ќе ја заврши во добивка со исклучок на некои помали банки.

Вкупната нето добивка на банките по првите девет месеци од годината изнесува 60 милиони евра, што претставува пораст од 54 отсто или 21 милион евра во однос на 30.06.2014 година.

Кредитите бележат пораст од 5,4 отсто, при што кредитите кон населението се зголемени за 11,3 отсто, а кон претпријатијата само 1,2 отсто.

Депозитите бележат зголемување од 2,8 отсто, од што 1,8 отсто зголемување има на депозитите на населението, а кај претпријатијата порастот е 3,8 отсто.

Нефункционалните кредити во банкарскиот сектор бележат зголемување на 11,7 од 11,2 отсто.

Нефункционалните кредити кон населението се намалиле на 5,5 од 5,9 отсто, а кај правните лица се зголемиле на 16,5 од 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП