18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ во петок ќе одлучува за привремено суспендирање на Шенгенскиот договор

ЕУ во петок ќе одлучува за привремено суспендирање на Шенгенскиот договор

shengen 33

Европските министри во петок ќе разговараат околу суспендирањето на Шенгенскиот договор на две години, врз основа на тоа што мигрантската криза на површина изнела „сериозни недостатоци“ на грчката граница кои и се закануваат на целата Шенген зона, пишува FT.

Оваа најдрастична мерка која е предвидена во Шенгенскиот договор потенцира како 20-годишниот проект сега се наоѓа под огромна закана поради политичките притисоци од влегувањето на најмалку 1,2 милиони бегалци годинава во Унијата.

Опцијата за повлекувањето на „членот 26“ ќе се најде на маса пред министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, и е подготвена во документ од страна на Луксембург, кој во моментов е претседавач со Унијата, додава FT. Доколку министрите го поддржат овој предлог, тогаш Европската комисија (ЕК) ќе може да предложи затворање на една или повеќе внатрешни граници во Шенген зоната, во период до две години.

Во практика ова би значело дека привремените гранични контроли кои летото беа воведени меѓу земји како што се Германија и Австрија сега би останале на долг рок, оштетувајќи го движењето без пасоши. Предлогот доаѓа откако ЕУ во повеќе наврати ја предупреди Грција да го подобри својот одговорот на миграциската криза и да побара помош, или пак во спротивно би се соочила со суспензија од Шенген зоната.

Документот на Луксембург оди пак уште подалеку, односно не само што овие предупредувања ги упатува до Грција, туку и до повеќе земји членки. Ова би им дозволило на земји како што се Германија, Австрија, Франција и Шведска да ги засилат и продолжат привремените гранични рестрикции кои ги применуваат, а кои се одобрени од страна на Комисијата.

Втората предност од суспендирањето на Шенген зоната е наметнувањето на граничните контроли. Можноста за да се суспендира индивидуална земја членка, пак, бара проценка и процес кој би траел најмалку три месеца.

Грција нема копнени граници со останатите земји од Шенген зоната, така што нејзината суспензија од зоната на слободното движење најверојатно нема да го намали приливот на мигранти, но ќе влијае врз грчките патници кои го користат воздушниот сообраќај. FT додава дека со ова претставници на ЕУ признаваат дека заканите пред се за да го мотивираат грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата влада целосно да ја прифатат поддршката од ЕУ за справување со бегалската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП