4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Малиот принц“ најгледан француски анимиран филм во странство

„Малиот принц“ најгледан француски анимиран филм во странство

maliot-princ

„Малиот принц“,во режија на Марк Озборн, темелен на една од најпреведуваните филозофски приказни во светот, го оствари најголемиот успех за некој француски анимиран филм во странство со 12,5 милиони гледачи, беше објавено во четвртокот.

Претходниот рекорд го држеше филмот „Артур во земјата Минимоа“ на Лук Бесон со 10,3 милиони гледачи во периодот меѓу 2006 и 2009 година, објави издавачката куќа „Unifrance“, задолжена за промоција на француската кинематографија во странство која за тоа се води статистика последните 20 години.

Вдахновен со филозофската приказна на Антоан де Сент Егзипери, која е меѓу најпреведуваните книжевни дела на светот, „Малиот принц“ ја освои Кина каде го гледале 5 милиони луѓе. Во Бразил и во Мескико го гледале по 2 милиона луѓе, а во Франција, на пример, 1,8 милиони гледачи.

Филмот ја следи сторијата објавена во 1943 година со бројни илустрации од самиот автор, за пилотот чиј авион се урива во пустината Сахара и девојченце кому ја раскажува приказната за Малиот принц дојден од друга планета и кого пилотот некогаш лично го запознал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП