3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките не ги интересира политика, ниту изјавата на Заев

Банките не ги интересира политика, ниту изјавата на Заев

jancevski

Јавноста треба да сфати дека банките ги водат одговорни луѓе, кои носат огромна одговорност пред клиентите, акционерите и централната банка и не водат дневна политика, изјави директорот на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски.

Јанчевски, кој е и претседател на Здружението на банкарство, оваа изјава ја даде откако беше замолен од новинарите да го коментира вклучување на банките на политичкиот мегдан, со изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги повика банките, како што рече, „да не ја финансираат изборната измама“.

„Не би коментирал политички изјави. Изјавата на Заев не ја третирам како закана, едноставно не ја перцепирам“, рече Јанчевски, кој нагласи дека не е работа на банките да се занимаваат со дневна политика.

Тој појасни дека банкарите се платени за да ги чуваат и да раководат со туѓите пари, дека ги исполнуваат насоките кои им ги поставуваат акционерите, а дека централната банка е таа која треба да им укаже на евентуални ризици.

Јанчевски, пак, смета дека долга политичка криза негативно влијае врз одлука на потенцијален инвеститор да влезе во одредена држава.

Коментирајќи ги слуховите дека големи банки од Германија и Италија го скенирале теренот за влез во Македонија, Јанчевски, кој е банкарски ветеран, смета дека на македонскиот пазар нема простор за влез на голема банка, како што се на пример Deutsche bank и HSBC, туку има простор само за регионална банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП