22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2,9 милиони невработени во Франција

2,9 милиони невработени во Франција

UMP+Party+Awaiting+French+Presidential+Election+Wgr3_toAQHBl

Стапката на невработеност во Франција порасна на 10,2 проценти во третиот квартал, што е највисоката стапка во последните 18 години, соопшти Националната агенција за статистика.

Бројот на невработени пораснал за 75,000 лица во тој квартал и изнесува 2,9 милиони лица, се наведува во истражувањето на агенцијата за статистика Инсе.

Растот на невработеноста за 0,2 проценти следеше и покрај фактот дека француската економија му се врати на растот во третиот квартал.

Овие податоци нема да им одговараат на владеачките социјалисти во пресрет на регионалните избори овој викенд. Меѓу гласачите најголема е загриженоста поради невработеноста.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да се кандидира во 2017 година ако неговата администрација не успее да ја намали невработеноста, потсетува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП