10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСреќата може да се купи, но...

Среќата може да се купи, но…

economy-money-spending

Со парите може да се купи среќа, сметаат научниците, но колку може да купи, зависи од начинот на кој се трошат парите…

Професорот на Харвард, Мајкл Нортон, тврди дека парите можат да купат среќа. Но, колку точно среќа можете да купите зависи од тоа на кој начин ќе ги трошите парите.

„Факт е дека најмалку трошиме на работи кои можат најмногу да не направат среќни“, тврди професорот Нортон кој го истражуваше феноменот трошење. Резултатите покажаа дека луѓето се посреќни кога трошат на искуства, а не на работи.

Иако искуствата се моментални, како на пример вечера со пријателите или патување, додека работите како голем телевизор, компјутер или смартфон долго траат, овие првите повеќе ќе ви значат.

„Се чини чудно дека работите кои брзо исчезнуваат можат да не направат посреќни од работите кои ни остануваат“, вели Нортон, но додадава дека трајните работи повеќето ги употребуваме додека сме сами, додека краткотрајните главно ги правиме со другите и создаваме трајни позитивни сеќавања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП