29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Турски поток“ - проектот, кој живееше само една година!

„Турски поток“ – проектот, кој живееше само една година!

turski potok

Вториот проект на Русија за изградба на гасовод под Црното Море за клиентите во Југоисточна Европа доживеа неуспех. Министерот за енергија на земјата Александар Новак соопшти дека изградбата на „Турски поток“ и преговорите околу него се прекинати.

Одлуката е резултат на откажаните трговско-економските односи со Турција, за кои гласаше руската влада на седницата на 1-ви декември.

Токму на 1-ви декември 2014-та година, рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Турција го најави крајот на „Јужен поток“ и плановите за реализација на неговиот наследник „Турски поток“. Поради европските ограничувања кои Москва не сакаше да ги прифати, цевките требаше да бидат насочени, не кон бугарскиот брег, туку кон Турција.

Заладените односи меѓу Москва и Анкара, откако турските воздухопловни сили го соборија руски авион „Су-24“, сепак станаа причина за запирање и на овој проект.

Всушност, по првичната активност околу плановите за „Турски поток“, во последниве месеци не оди работата поврзана со него. Двете страни не можеа да се договорат за попустот во цената на природниот гас, кој Турција го добива во моментов од Русија и многу руски аналитичари ги поврзуваат овие спорови со недостатокот на договор за гасоводот.

Официјална Москва го објасни доцнењето со недостатокот на стабилна влада во Турција и предвремените избори кои се одржаа во земјата на 2-ри ноември. Очекувањата беа дека долго очекуваниот документ ќе биде потпишан во декември или најдоцна во јануари 2016-та година.

Ако на Турција и е потребен „Турски поток“, нека се поврзе со Русија

Ако Турција има интерес за реализацијата на гасоводот, нека се сврти кон Русија, коментира шефот на „Газпром“, Алексеј Милер по повод запирањето на проектот.

Според него, во оваа фаза Анкара не се сврти кон руската страна со предлози за „Турски поток“, но ако сепак нешто такво се добие, тоа ќе биде разгледано.

Само пред два дена премиерот Дмитриј Медведев потпиша указ за воведување економски санкции против Турција, се забранува увозот на селско стопански производи и други ограничувања. Во документот не беше предвидено запирање на соработката во енергетската сфера и особено работата на „Турски поток“ и изградбата на нуклеарната централа Акују.

Самата Турција размислува за алтернативни извори на гас, макар и да не очекува Москва да престане со снабдувањето на оваа суровина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП