18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвисока стапка на слободни работни места во градежништвото

Највисока стапка на слободни работни места во градежништвото

epa04161504 An East Timorese labourer works on a construction site in Dili, East Timor also known as Timor Leste, 10 April 2014. East Timor has a population of 1.2 million citizens, 40 percent of which live in poverty with an unemployment rate near the 20 percent.  EPA/ANTONIO DASIPARU

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.55%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ѓ – Градежништво и изнесува 2.69%, додека најмала е стапката во секторите Д – Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и  дејности за санација на околината и Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.19%.

Деловните субјкети со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.16%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.53%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2000, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП