21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад под притисок на енергетскиот сектор

Остар пад под притисок на енергетскиот сектор

berza-ak-ak

Цените на акциите на Волстрит остро паднаа бидејќи е сѐ поизгледно дека американската централна банка во декември ќе ги зголеми каматите, а под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата под 40 долари.

Dow Jones се спушти за 158 поени, или 0,89 отсто, на 17.729 поени, додека S&P 500 потона 1,10 поени, на 2.079 поени, а Nasdaq индекс се намали за 0,64 отсто, на 5.123 поени.

Во сите 10 сектори од индексот S&P 500 цените на акциите вчера паднаа, а најмногу за 3,1 отсто потона индексот на енергетскиот сектор, што е последица на остриот пад на цената на нафтата, откако најголемите светски производители сигнализираа дека, и покрај слабоста на побарувачката, нема да се намали производството.

Цената на барелот на американскиот пазар потона за 4,6 отсто, на 39,95 долари.

Остро за 2,2 отсто, паднаа и цените на акциите во комуналниот сектор, кој е многу чувствителен на движење на каматните стапки.

А дека американската централна банка во декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки, по прв пат од 2006 година, станува се поизгледно со оглед на изјавите на нејзините челници во последните денови.

Американската централна банка веќе подолго време сигнализира дека во декември би можела да ги зголеми каматните стапки. Поради тоа инвеститорите со нетрпение го очекуваат извештајот за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен во петок и значително е влијае на насоката на пазарот.

Доколку податоците за вработувањето бидат силни, речиси е сигурно дека Фед во декември ќе ги зголеми каматите, велат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП