26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Шпанија

Намалена стапката на невработеност во Шпанија

shpanija6

Стапката на невработеност во Шпанија во ноември е намалена, по три месеци раст, соопшти Министерството за труд во Мадрид.

Министерството објави добри вести на помалку од три неделеи пред изборите.

Вкупниот број на регистрирани невработени минатиот месец изнесувал 4,15 милиони, 27,000 помалку во однос на месец октомври, наведува министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Бројот на невработени е намален за 362,818 лица во изминатите 12 месеци, но шпанската стапка за невработеност од 21,1 проценти и понатака е највисока во ЕУ, односно втора, зад Грција.

Економското закрепнување на земјата беше клучна тема на предизборната кампања на премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, кој вети два милиони нови работни места во наредните пет години. Граѓаните на Шпанија ќе излезат на гласање на 20-ти октомври.

Шпанија минатата година излезе од петгодишната криза во текот на која бележеше негативен и нулта економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП