18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТмурни глобални економски прогнози

Тмурни глобални економски прогнози

Global economic

Прогнозата за глобалната економија во 2016 година е се потмурна, а некои од можните сценарија се и рецесијата во САД и нулта каматната стапка во Кина, така што оваа земја ќе стане прва меѓу економиите во развој кои се одлучиле на таков чекор, се наведува во годишната прогноза од Citibank од Лондон.

Најголемата светска економија бележи седма последователна година раст по кризата од 2008 година, а веројатноста дека наредната година ќе падне во рецесија изнесува 65 проценти, наведува банката.

Каматните стапки на краткорочните обврзници, да речеме за две години, традиционално се пониски во однос на приносите од долгорочните хартии од вредност, како оние со рок на доспевање од 10 години, бидејќи инвеститорите бараат поголем поврат за ризикување на подолг временски период.

Кривата на приносот била поинтензивна пред секоја од петте американски рецесии од средината на 1970 година.

Во Кина, дефлаторните притисоци и ризици кои се закануваат на економскиот раст ќе го принудат официјален Пекинг да ја олабави фискалната политика, да дозволи депресијација на јуанот и можеби да стане првата голема економија во развој која ќе ги намали каматните стапки на нула, наведува „Citibank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП