10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото се подготвува за нови иницијативи од страна на ЕЦБ

Еврото се подготвува за нови иницијативи од страна на ЕЦБ

evro-money-evra-evroto

Денес еврото се движи поблиску до 7.5-месечно дно во однос на доларот во позадина на очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе објави дополнителни стимулации за економијата и дека Банката на федерални резерви ќе ja зголеми каматната стапка.

Несогласување се политиките на двете централни банки кои повторно излезгоа во преден план, откако вчера претседателката на ФЕД, Џенет Јелен навести за заголемување на каматата стапка подоцна во овој месец.

Нејзината изјава го девалвираше еврото до 1.05500 во однос на доларот, што беше најниско ниво од средината на април. Еврото потоа врати дел од загубената вредност до 1.05930. Денес ЕЦБ се очекува да претстави комбинација на мерки, кои би можеле да вклучуваат намалување на каматите на депозитите, како и зголемување на износот на програмата за откуп на обврзници. Европската валута поевтини за 7.2% од претходната средба за ЕЦБ.

Доларот беше природна дестинација за инвеститорите кои продаваат евра, особено откако од ФЕД веќе некое време алудираат за зголемување на каматната стапка во декември. Индескот на доларот се зголеми до 100.510 поени, што беше највисоко ниво од април 2003-та година, а за последно беше на ниво од 100.12 поени.

Јелен вчера соопшти дека „очекува“ кревање на каматите во САД, изразувајќи уверување во американската економија и предупредувајќи дека не треба да се чека премногу долго пред да се зголемат каматите. Доларот исто така поскапе до 123.68 јени и за последно се тргуваше на ниво од 123.43, со зголемување од 0.2%.

Вчера објавените податоци покажаа дека приватниот сектор во САД создал 217.000 нови работни места во ноември, што беше повеќе од претходно очекуваното. Канадскиот долар поскапе за 0,4%, до 1.3293 однос на американскиот долар, откако цените на нафтата порасна по информацијата дека Саудиска Арабија ќе предложи план за балансирање на нафтените пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП