2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев отворен за разговори со Москва за договорот со ЕУ

Киев отворен за разговори со Москва за договорот со ЕУ

Petro Poroshenko, 'Chocolate King', Ukrainian MP and backer of the Euromaiodan protests in Kiev

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во средата вечерта дека неговата земја е отворена за преговори со Русија, за да се надвладее нејзиното спротиставување на договорот за слободна трговија меѓу Украина и Европската унија, без запазување на нејзините интереси.

Изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дојде откако во вторникот не успеаја трипартитните преговори меѓу ЕУ, Украина и Русија во Брисел, за овој договор кој треба да стапи на сила на 1-ви јануари 2016 година.

„Предложивме нови консултации со Руската Федерација за да покажеме дека сме подготвени да помогнеме да се отстранат сите пречки кои би можеле да претставуваат проблем за Русија, Подготвени сме на професионални економски преговори“, рече Порошенко за време на посетата на Вилнус истакнувајќи дека ниту Брисел, ниту Киев „нема да попуштат на уцените со кои се сака да се минира нивниот договор“.

Русија смета дека тој договор може да нанесе штети на нејзината економија.

ЕУ се надева дека договорот со Москва ќе биде постигнат до 31-ви декември, изјави амбасадорот на Унијата во Русија, Вигаудас Усацкас. Преговарачите би требало да се сретнат следната седмица, на 7-ми и 8-ми декември, додаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП