21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо фокусот акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје

Во фокусот акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје

mk berza

На првиот ден од тргувањето во декември, во фокусот на инвеститорите на Македонската берза за хартии од вредност беше акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје.

Вкупно 6.006 акции по просечна цена од 2.232,97 денари беа истргувани со што со оваа акција беше остварен промет од 13.411.207,00 денари, што претставува 86 отсто од вкупно реализираниот промет на пазарот. Воедно, акцијата забележа раст од 2,80 отсто.

Останатите истргувани хартии од вредност имаа скромно учество во вкупниот денешен промет кој изнесуваше 15.579.267,74 денари.

Акцијата на „Бетон“ АД Скопје преку само 4 истргувани акции ја намали својата вредност за 16,72 проценти, со што беше прва на листата на губитници.

МБИ10 забележа пораст од 0,35 отсто и изнесуваше 1.772,76 поени, додека пак ОМБ се намали за минимални 0,03 отсто и изнесуваше 127,77 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП