19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП ќе добие пристап до сите документи од договорот TTIP

ЕП ќе добие пристап до сите документи од договорот TTIP

amerika-evropa-ttip

Со одлуката на Европската комисија во средата по 11 месеци преговори сите пратеници во Европскиот парламент (ЕП) ќе добијат целосен пристап до сите преговарачки документи за Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) меѓу Европската унија и САД, кој се смети за најзначаен економски коридор во светот кој сочинува вкупно 45 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП).

Со оваа одлука, како што пренесува агенцијата Hina, сите пратеници во Европскиот парламент, освен до европските првпат ќе можат да добијат пристап и до американските ставови за сите поглавја од преговарачкиот процес. Досега таквиот пристап го имаа само 30 од 751 европски пратеник. Ова се смета за значаен успех на иницијативната група Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите во Европскиот парламент (S&D) со кој се гарантира поголемо ниво на транспарентност на преговарачкиот процес.

Досега беа одржани 11 рунди преговори меѓу ЕУ и САД за TTIP. Досегашната работа на Европскиот парламент веќе влијаеше на измената на предлогот за судовите во случај на спор меѓу инвеститорот и државата, ткн клаузула ISDS, која Европската комисија ја прифати во ноември.

Во рамките на извештајот на Европскиот парламент за насоките за продолжување на преговорите за TTIP се усвоени амандманите со кои се повикува на: визен реципроцитет и еднакво третирање на сите граѓани на ЕУ без дискриминација на одредени држави членки; посебно поглавје чија цел е да се создадат нови можноста за европските мали и средни претпријатија во САД, како што е укинување на барањето за двојна сертификација, но и дополнителен пристап до изворите на финансирање со кои на малите и средните претпријатија би им се олеснило излегувањето на американскиот пазар доколку биде прифатен TTIP; амандман со кој освен за здравјето на луѓето и животните експлицитно со повикува на осигурување на безбедноста на храната и почитување на европските принципи за претпазливост кога е во прашање Генетски модификуваните организми (ГМО), но и на појасно комуницирање со граѓаните за процесот и содржината на преговорите.

Така, според толкувањата, иако формалната потврда за TTIP мора да се добие во Европскиот парламент и во Конгресот на САД, легитимитетот на договорот можат да го дадат единствено граѓаните, а предложувачите сметаат дека приоритет би требало да биде ставен заштитата на европските вредности, а не на роковите за склучување на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП