18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ја укина банкарската тајна за странците

Швајцарија ја укина банкарската тајна за странците

shvajcarija889

Горниот дом на швајцарскиот парламент во среда ја одобри автоматската размена на банкарски податоци со други земји.

Новата одредба, која веќе ја одобри долниот дом на парламентот, Швајцарија ја доведе на ниво на стандардите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и најбогатите земји во светот од групата Г20.

Швајцарија досега даваше информации за можни затајувачи на данок само на исклучиво барање на други земји, а во иднина таквите информации ќе ги дава на сите земји со кои има соодветни билатерални договори. Досега вакви договори има склучено со Европската унија(ЕУ) и Австралија, но оној со ЕУ потпишан во мај на сила ќе стапи во 2018 година.

Податоците за клиентите што ќе се разменуваат со земјите членки на ЕУ вклучуваат имиња и презимиња, датуми на раѓање, адреси, даночни идентификациски броеви, состојба на сметката и трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП