29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПокренато обвинение против Bosch за можна вмешаност во скандалот на VW

Покренато обвинение против Bosch за можна вмешаност во скандалот на VW

bosh koli 33

Германскиот снабдувач со автомобилски делови „Robert Bosch“ обвинет е во САД дека соработувал со автомобилскиот гигант „Volkswagen“ во прикривањето на податоците за емисијата на штетни гасови од најмалку 11  милиони дизел возила.

Обвинението во понеделникот вечерта во окружниот суд во Детроит го поднесе сопственик на дизел возило, а е против „Bosch“ и против „Volkswagen“, како и против поранешниот директор „VW“ Мартин Винтеркорн и шефот на американската подружница Мајкл Хорн.

„Обвинетиот „Bosch“ овозможил реализација на планот на „Volkswagen“ за измама, помагал и поттикнувал, креирајќи софтвер кој се користи за прикривање на податоците“, стои во обвинението.

На обвинетите им се става на товар измамување на потрошувачите и кршење на законот со кој се регулира одговорноста за последиците од незаконското здружување.

„Образложението на „Bosch“ е дека не знаеле што се случува кога е во прашање нивната свесна заработка на казнените дела не го ослободува „Bosch“ од прекршочна одговорност според американските закони“ стои во тужбата испишана на 56 страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП