26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада излезе од рецесија

Канада излезе од рецесија

canadian eco 22

Канада во третиот квартал излезе од рецесија откако нејзината економија закрепна од падот на цената на нафтата, покажуваат официјалните податоци.

Во тромесечјето од периодот до крајот на септември активностите на економијата пораснаа за 2,3 отсто, по две тромесечја благ пад, за ревидирани 0,7, односно 0,3 отсто.

Аналитичарите се надеваа на посилен раст, но канадските резултати ги надминаа оние во САД, што е добра вест за новата влада на Џастин Труден.

Растот се припишува претежно на зголемената надворешна побарувачка. Извозот беше потпомогнат од слабиот канадски долар и силната американска побарувачка порасна во третиот квартал за 9,4 отсто објави Statistics Canada.

Домашната побарувачка, пак, стагнираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП