17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДва детски музички фестивали во Битола

Два детски музички фестивали во Битола

detski-festivali

Битола на 3 и 4 декември ќе биде домаќин на детските музички фестивали “ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и “ТРА-ЛА-ЛА Битола” на кој учествуваат 22 млади музички таленти од целата држава.

Солистите кои настапуваат на фестивалот се на возраст од 6 до 13 години и како  носители на голем број меѓународни музички награди тие досега во повеќе наврати ја афирмираат македонската детска песна на фестивали во земјата и низ светот.

“Во рамките на двата фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА Кидс” и “ТРА-ЛА-ЛА Битола” во Центарот за култура-Битола ќе се одржат вкупно шест четири концерти на 3 и 4 декември . Покрај Гран при наградата на фестивалот “Тра-ла-ла”, за најдобрите учесници на двата фестивали се предвидени прва, втора и трета награда, како и специјална награда од директорот на фестивалот, награда за најдобар сценски настап и награда од детското жири. Новитет е тоа што секој посетител ќе може да гласа за својот фаворит, со што ќе бидат доделени и награди од публиката, како и награди “Боби Коминовски Тра-ла-ла кидс” и “Драган Каранфиловски Бојс Тра-ла-ла Битола”.”-рече денеска на прес конференција во Битола директорот на фестивалот “Тра-ла-ла” Тони Алексовски,кој е и директор на регионалниот сојуз на Светската Асоцијација на перформанси и уметности WAPA и член на Светската Асоцијација на фестивали и уметности WAFA.

Двата фестивали се во организација на Асоцијацијата за уметност “Алексовски”, додека автор на текстовите, аранжманите и музиката е Кристијан Габровски.  Наградите ќе бидат доделени на Гала концерт на 4 декември во големата сала на Центарот за култура во Битола со почеток во 19:30 часот.

“Колку што е тешко да се започне со еден ваков фестивал кој е препознатлив знак за Битола уште потешко е тој да се одржи. Затоа ваквите манифестации каде младите таленти можат да дојдат до израз и да се надградуваат, треба да се поддржуваат”-рече денеска на прес конференцијата во Битола Љубо Трифуновски, диригент и член на жирито на фестивалот.

Инаку, фестивалот “ТРА ЛА ЛА” веќе 16 години успешно егзистира на музичката сцена, а децата солисти на овој фестивал досега освоиле голем број награди низ светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП