9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната останува стабилна во ноември

Инфлацијата во еврозоната останува стабилна во ноември

infa 33

Инфлацијата во еврозоната во ноември забележува раст од 0,1% на годишна основа, како што беше и во октомври, покажуваат прелиминарните податоци на „Еуростат“. Мнозинството аналитичари очекуваа раст во потрошувачките цени од 0,2%.

Зголемување на цената со 1,5% има кај прехранбените производи, алкохолот и цигарите, услугите – 1,1%, индустриските стоки надвор од енергетика – со 0,5%, а енергијата поевтини за 7,3%.

Основната инфлација, која не ги вклучува колебливите цени на енергенсите и храната, е 0,9%, а во октомври нејзината вредност беше 1,1 отсто.

Производните цени во еврозоната се намалуваат за 0,3% на месечна основа во октомври, а во септември падот изнесуваше 0,4%, наведува „Еуростат“.

Во целата Европска унија производствените цени се намалуваат за 0,2% на месечна основа во октомври, минатиот месец намалувањето беше 0,3%.

На годишна основа производствените цени се намалуваат за 3,1% во еврозоната и со 3.5% во целата ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП