4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилската економија во криза

Бразилската економија во криза

brazil1

Економијата на Бразил потона во третиот квартал за 1,7 проценти во однос на претходните три месеци, со што рецесијата во седмата по големина светска економија е продлабочена.

Економистите за третиот квартал прогнозираа пад на бруто домашниот производ (БДП) од 1,3 проценти, покажаа официјалните податоци, пренесува агенцијата Франс прес.

Економијата на годишно ниво во дадениот период паднала за дури 4,5 проценти, што е најголемиот пад откако статистиката се пресметува според сегашните методи, наведува Бразилскиот институт за географија и статистика.

Лошиот резултат е забележан главно поради слабоста на земјоделството, индустријата и услужниот сектор.

„Бразилската економија е на „интензивна нега и ќе остане болна во претстојните квартали. Сеуште не помина најлошото и ќе биде уште потешко, барем до средината на наредната година“, изјави Андре Пердеито, главниот економист на компанија „Gradual Investimentos“ од Сао Паоло.

Во девет месеци, заклучно со септември, БДП е намален на 3,2 проценти во однос на истиот период во 2014 година и тоа е воедно најголемиот пад од 1996 година и почетокот на новиот начин на пресметување на БДП.

Аналитичарите веруваат дека економијата во 2015 година ќе потоне за 3,2 проценти, а во 2016 на 2,0 проценти. Доколку најголемата економија на Латинска Америка помине две полни години во рецесија, тоа ќе биде прв пат таков случај да е забележан во последните 85 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП