На европските берзи во среда владее добро расположение бидејќи инвеститорите очекуваат дека во четврток челниците на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе воведе дополнително поттикнувачки мерки.
FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во плус 0,4 отсто, откако вчера падна за 0,4 отсто.
Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,30 отсто, на 6.414 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,15 отсо, на 11.246 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 4.908 поени.
FTSEurofirst 300 се движи близу највисоките нивоа за три месеци, благодарение на надежите на инвеститорите дека челниците на ЕЦБ на седницата во четвртокот ќе најави натамошно олабавување на монетарната политика.
Се шпекулира дека централната банка би можела дополнително да ги намали каматите на депозитите и да ја продолжи да ја продлабочува програмата за откуп на обврзници, вреден над 1.000 милијарди евра.
Меѓу најголемите добитници денеска е здравствениот сектор, откако неколку аналитичари ги зголемија препораките за акции на одредени компании од секторот.