1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 5s излегува на 20-ти јуни

iPhone 5s излегува на 20-ти јуни

Screen-Shot-2012-12-10-at-16.41.14

Во последно време на големо се шпекулира дека „Apple“ би можел да ја претстави следната генерација на „iPhone“ телефонот веќе овој јуни. Според одредени медиуми „Apple“ на 20-ти јуни ќе го презентира новиот телефон, кој на пазарот би се појавил во јули. Исто така се додава дека ефтината верзија на „iPhone“ телефоните на пазарите во Кина и Индија би можеле да се појават во август.

„Apple“ за таа прилика ќе ја покажат и најновата верзија на „iOS“ системите за мобилните уреди. Се очекува „iPhone 5s“ да има побрз A7 процесор, унапредена камера и можен сензор за отисок на прстот под „Home“ копчето, поради унапредување на сигурноста.

Иако оваа вест која е објавена на многу интернет страни се уште не е потврдена од страна на „Apple“, но во многу случаи претходно кога оваа компанија беше споменувана шпекулациите на крајот излегуваа вистинити. „Apple“ овој јуни ќе има своја презентација на „WWDC“, а што точно ќе биде претставено при оваа прилика ќе дознаеме во споменатиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП