7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air воведува дестинации од Скопје кон Берлин, Братислава и Копенхаген

Wizz Air воведува дестинации од Скопје кон Берлин, Братислава и Копенхаген

wizz-air-carry-on-charges

Нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air го најави своето понатамошното проширување на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје.

WIZZ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин Шенфелд од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се спроведуваат, од 22 и 28 март. Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата.

Братислава и Копенхаген, главните градови и економски центри на Словачка и Данска, се двете нови дестинации во Визеровата мрежа, која се состои од 116 аеродроми.

Wizz Air сега нуди вкупно 24 рути кон 11 земји од двата негови  македонски аеродроми во Скопје и Охрид. Билетите за најновите правци на Wizz Air се веќе во продажба и можат да се резервираат на wizzair.com. Авиобилетите се во продажба и тоа од само 599 денари.

“Wizz Air денес уште еднаш ја нагласи својата посветеност во Македонија, преку главниот аеродром во Скопје. Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, потикнувајќи ги нашите патници да добијат билети по најниски цени на wizzair.com, мобилниот веб-сајт или преку нашите смартфон апликации”, изјави Тамара Мешвениераџе од Wizz Air.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП