19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците и Русите во OН сакаат да го пресечат финансирањето на џихадистите

Американците и Русите во OН сакаат да го пресечат финансирањето на џихадистите

rusija-sad-finansiranje

Русија и САД работат во Советот за безбедност на Обединетите нации на нова резолуција за да го пресечат финансирањето на џихадистичката група Исламска држава, соопшти американската амбасадорка во светската организација Саманта Паурер.

Пауер за новинарите изјави дека Вашингтон сака да „ги зајакне и рационализира напорите на Советот за безбедност во врска со финансирањето на Исламската држава“, меѓу кои и претходната резолуција донесена во февруари. Покрај тоа, треба да се донесат „нови мерки за санкциите да бидат ефикасни“ против оние кои го помагаат финансирањето на Исламската држава.

САД, кои во декември претседаваат со Советот за безбедност на ОН, се надеваат дека иницијативата ќе заврши до 17-ти декември.

Вашингтон, додаде Пауер, „кон крајот на минатата седмица“ ја прими и нацрт руската резолуција во таа смисла и сега ја проучува.

„Добар дел од руските напори во врска со Исламската држава, е концентриран на финансирањето и на потребата да се спречи Исламската држава да заработува од продажбата на нафта и да влегува на меѓународните пазари“, посочи американската амбасадорка во ОН.

Русија и САД „имаат иста цел“, додаде Пауел, но не може сé уште да каже дали двете земји се договориле за заедничкиот текст. Потсети дека Советот за безбедност во февруари ја донесе резолуцијата со којашто се санкционираат физички лица и правни субјекти кои ја финансираат Исламската држава купувајќи ја од неа нафтата и археолошки предмети украдени во Сирија и во Ирак.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, изјави, пак, за новинарите дека Русија сака „да ја зајакне резолуцијата“ од февруари.

Западните коментатори истакнуваат дека овие иницијативи се носат кога рускиот претседател Владимир Путин отворено проговори за оние информации што порано до западните медиуми го доставуваа анонимни западни функционери, односно за обвинувањата дека турската влада наводно ги штити испораките на Исламската држава на украдената нафта од Сирија и од Ирак.

Експертите на ОН пред една година оценија дека Исламската држава од продажбата на нафтата заработува меѓу 850.000 и 1.65 милиони долари на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП