2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија најави прекин на проекти со Црна Гора

Русија најави прекин на проекти со Црна Гора

ozorov

Русија ќе и прекине заедничките проекти во Црна Гора доколку Подгорица се придружи кон НАТО, изјави во средата претседателот на комисијата за одбрана и безбедност на Советот на федерацијата, Виктор Озеров.

Озеров истакна дека проектите кои може да бидат укинати ја опфаќаат и воената област

„Црна Гора е должна да даде отчет во врска со нејзиниот прием во НАТО. Многу програми кои што ги спроведува со Русија, вклучително и за воено-техничката соработка, ќе бидат невозможни“, рече Озеров.

Според него, таквото решение ќе биде донесе имајќи ја предвид позицијата која во однос на Русија ќе ја заземат земјите членки на НАТО по многу прашања на безбедноста.

„Црна Гора од поглед на Русија станува земја, што е потенцијален учесник во заканите за безбедноста на нашата држава“, рече Озеров.

Претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачев оцени дека пристапувањето на Црна Гора во НАТО е чекор назад во однос на колективната безбедност во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП