Лидерот во производство на електрични автомобили „Tesla“ им се приклучи на технолошките гиганти „Apple“ и „Google“ кои го заземаат првото и второто место на годишната листа за најиновативни компании, која ја изработи „Boston Consulting Group“.
„Tesla“ победи на трката за третата позиција во битка со уште 50 компании, избрани врз основа на анкетата спроведена меѓу 1.500 високи менаџери кои работат во повеќе компании.
„Apple“ и „Google“ го задржаа првото и второто место. Tesla, која напредуваше нагоре со огромна брзина, благодарение на својот автомобил Model S, заслужено го доби третото место оваа година.
Оваа компанија го имаше своето деби во ранглистата пред две години, кога стартуваше од 41-то место. Водечкото трио го следат компаниите Microsoft, Samsung, Toyota, BMW, Gilead, Amazon и Daimler.
Листата вклучува 29 американски, 11 европски и 10 компании со седиште во Азија. Само 12 од нив работат во секторот на технологијата, а многу од нив се ветерани во индустриската ера, како General Electric и Dow Chemical.