15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдравствениот и трговскиот сектор поттикнаа раст на Волстрит

Здравствениот и трговскиот сектор поттикнаа раст на Волстрит

wallstreet 003

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во вторникот благодарение на здравствениот и трговскиот сектор, кои закрепнаа од остриот пад претходниот ден.

Dow Jones зајакна 168 поени, или 0,95 отсто, на 17.888 поени, додека S&P 500 скокна за 1,07 отсто, на 2.102 поени, а Nasdaq порасна за 0,93 отсто, на 5.156 поени.

Најмногу, за 1,7 отсто, вчера скокнаа цените на акциите во здравствениот сектор, надоместувајќи ја целата загуба од претходниот ден.

Индексот на трговскиот сектор порасна за 1 отсто, додека во понеделникот се најде под притисок поради послабата продажба на Денот на благодарноста и Црниот петок, кога традиционално се нудат големи попусти.

Меѓутоа, онлајн продажбата силно порасна во однос на истиот период лани, а вчера инвеститорите ги охрабри и податокот за силниот раст на продажбата на автомобили во САД во ноември.

„Ова покажува дека потрошувачката сепак била силна, иако луѓето помалку трошат во самите продавници. Оттука се очекува добра сезона за време на празничната потрошувачка“, вели Арт Хоган, стратег во компанијата Wunderlich Securities.

Освен растот на продажбата на автомобили, инвеститорите ги охрабри и извештајот за  стабилниот раст на потрошувачката во градежниот сектор.

На повеќето европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Франкфуртски  DAX падна за 1,06 отсто, на 11.261 поен, а париски CAC за 0,87 отсто, на 4.914 поени, додека Лондонски FTSE зајакна 0,62 отсто, на 6.395 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП