17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива без забрани, магла по котлините

Сообраќајот се одвива без забрани, магла по котлините

magla-avtopat

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. По котлините има појава на слаба магла.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП