6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија воведува сé повеќе мерки против Турција, се размислува и за Турскиот...

Русија воведува сé повеќе мерки против Турција, се размислува и за Турскиот тек

rus-turk

Русија речиси секојдневно ги заострува мерките со кои на Турција и возвраќа за уривањето на нејзиниот бомбардер минатиот вторник, а објави дека се размислува и за повеќегодишно замрзнување на гасниот проект Турски тек, од 1-ви јануари стапува на сила и забраната за увоз на низа прехранбени артикли од турски производители, а во тек е враќањето на турските работници од Русија, поништување на лиценците на турските компании и институции кои работат на руска територија.

Во средината на јуни годинава, претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, на разговорот зад затворени врати во азербејџанската престолнина Баку, тогаш ја потврдија стратешката определба на двете земји за зголемување на трговската размена меѓу нив до 100 милијарди американски долари.

Во вторникот беше објавен указот на руската влада која се однесува на забрана на 17 категории прехранбени производи, меѓу кои се живина, сол, овошје и зеленчук, како и агрумите како портокали и мандарини, коишто Русија во огромни количества ги увезуваше од Турција, но не се однесува на некои други стоки кои наголемо се увезуваат од оваа земја, како на пример лимоните.

Во указот кој стапи на сила од вторникот забранети се сите чартер летови меѓу двете земји, која е продолжена со препораките на милионите руски туристи да не патуваат во Турција, со што драстично се намали продажбата на аранжмани за одмор во таа земја, во којашто Русите се втората најбројна група туристи, веднаш зад Германците, а се очекуваше драстично зголемување на нивниот број во Турција, по терористичкиот акт од 30-ти септември кога во Египет беше соборен рускиот патнички авион во кој загинаа 224 луѓе.

За Турција посебно се важни руските туристи чии посети изнесуваат 10 отсто од сите посети во таа земја. За првите девет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристи

Според анализите на Федерацијата на сопственици на хотели во Турција, оваа земја би можела да изгуби 4,5 милијарди долари оваа година само од посетата на руските туристи, додека вкупната загуба би можел да биде околу 20 милијарди долари.

Уредбата документ за реализација на начелниот список мерки од санкциите со кои Москва за одмаздува за уривањето на нејзиниот борен авион, како што тврди над Сирија, кои со указот од саботата ги најави рускиот претседател Владимир Путин, а станува збор за низата мерки коишто уште минатиот четврток од владата ги побара премиерот Дмитриј Медведев како одговор на „актот на агресија“ од страна на Турција.

Мерките ги опфаќаат и ограничувањата во врска со вработувањата на турските државјани во руските компании на територијата на Русија, а пропишуваат дека секој договор во областите на градежништвото, секторот во кој Турците се многу присутни во Русија, прво мора да биде потврден од владата. Во меѓувреме од земјата се протеруваат турските работници поради истекувања на лиценците или визите, иако досега во духот на одличната соработка меѓу двете земји беа толерирани.

Русија ја разгледува и можноста за повеќегодишно запирање на работата на изградбата на нафтоводот Турски тек, кој беше замена за прекинатиот проект Јужен тек со кој требаше да се заобиколи Украина, според два извора во рускиот енергетски гигант „Газпром“ кои зборувале за агенцијата Reuters, како и на атомската централа Акују. Извозот на руска енергија во Турција беше основата на економските односи меѓу двете земји и досега не беше опфатен со рестриктивните мерки на Москва кој Русија.

Во вторникот руското министерство за образование во соопштение објави дека „повеќето од 44 руски универзитети ги прекинаа сите договори за соработка со турските партнери“, а Руско-турскиот научноистражувачки центар објави како привремено е затворен и ги откажува сите закажани активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП