9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТри плати и бонуси за вработените во Ferrari

Три плати и бонуси за вработените во Ferrari

ferari

Да се работи во фабрика каде се произведуваат луксузни автомобили моментално има голема предност. Не само што можат да се пофалат дека ги составуваат најпосакуваните автомобили во светот, туку можат да ги осетат сите бенефити во вид на плати и бонуси кои ги добиваат. Како што е општо познато производителите на ваквите возила имаат најголема заработка по произведен модел во оваа индустрија, па така можат да си дозволат и да поделат бонуси на вработените.

Како на пример во „Ferrari“, чии директор Лука ди Монтеѕемоло во текот на саемот во Женева најави дека неговите вработени ќе добијат специјални бонуси, поврзани со остварените финансиски резултати во последните три години.

Во текот на март, секој работник ќе добие 3 дополнителни плати и специјален бонус кој е еквивалентен на месечната плата за сите три години, нормално зависно од позицијата на која работеле во тоа време.

Земајќи во предвид дека најниската плата во „Ferrari“ е 1.500 евра за работник во својата прва фаза од професионалната кариера, бонусот ќе изнесува минимум 4.500 евра.

И тоа не е се. Следниот месец сите вработени во оваа фабрика ќе добијат по 4.000 евра мотивациски бонус поради резултатите во минатата година.

„Нашата компанија ја заврши 2012-та година со рекорден резултат, по тригодишниот пораст. Тоа е резултат на одличната работа која ја завршивме“, напишал Монтеѕемоло во писмото до своите вработени. Тој додал дека ќе им врачи бонуси на работниците и за следниот тригодишен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП