27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМФ: Продадени 73 милиони евра државни хартии од вредност, аукцијата успешна

МФ: Продадени 73 милиони евра државни хартии од вредност, аукцијата успешна

ministerstvo-finansii

Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра, со што истата успешно се реализираше. 

На аукцијата државни хартии од вредност купија банки, осигурителни компании, пензиски фондови и штедилници.

Со реализација на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со буџетот за 2015 година.

Во текот на декември по основ на стари, доспеани за враќање, хартии од вредност Министерството за финансии ќе им врати на банките 84,6 милиони евра или 5,2 милијарди денари.

Министерството за финансии ќе продолжи со одговорно управување со јавните финансии и партнерскиот однос со банките и стопанството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП