19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работниците во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

industrija1

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е за 1,1 отсто поголем во однос на истиот месец од 2012 година, а за јануари-февруари 2013 во однос на истиот период од минатата година поголем за 0,4 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 8,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија раст од 0,4, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,7 отсто.

Според главните индустриски групи, најголем прораст на бројот на работниците од 7,6 отсто се бележи кај Енергија по што следат Трајни производи за широка потрошувачка со 3,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто, додека опаѓање се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто и Капитални производи за 6,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП