28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит на почетокот на неделата

Пад на Волстрит на почетокот на неделата

volstrit-berzi

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот, а меѓу најголемите губитници беше трговскиот сектор бидејќи продажбата во стоковните куќи на „Црниот петок“ беше послаба од лани.

Dow Jones ослабна 78 поени, или 0,44 отсто, на 17.719 поени, додека S&P 500 се спушти 0,46 отсто, на 2.080 поени, а Nasdaq се намали за 0,37 отсто, на 5.108 поени.

Меѓу најголемите губитници вчера беше трговскиот сектор, со просечен пад на цената за 1 отсто, откако беше објавено дека продажбата за Денот на благодарноста и „Црниот петок“, кога продавниците традиционално нудат големи попусти, со што почнува божиќната грозница, беше послаба од лани.

Според податоците на ShopperTrak, Американците во трговските синџири во двата дена потрошиле 12,10 милијарди долари, наспроти минатогодишните 12,29 милијарди.

Цената на акцијата на Wal-Mart падна за 1,8 отсто, додека цената на Macy’s поевтини за 2,3 отсто, а на Target за 1,3 отсто.

На трговскиот сектор не му помогнаа многу извештаите дека онлајн продажбата силно пораснала во однос на истиот период лани.

Освен во трговскиот сектор, вчера осетно, за 1,3 отсто, се намалија цените на акциите во здравствениот сектор, при што под најголем притисок беа акциите на биотехнолошките компании.

Внимателноста на пазарот е последица и од очекувањето дека американската централна банка Fed, првпат од 2006 година, ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

Оттука фокусот на берзите во четврток ќе биде насочен на извештајот на Fed, како и на извештајот за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен во петок.

„Дел од инвеститорите не е подготвен позначително да ризикува во пресрет на извештајот со вработеноста и можното зголемување на каматите на Фед“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП