6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на нето и бруто платата во јануари

Пораст на нето и бруто платата во јануари

pari

Просечните исплатени нето и бруто плати во јануари се зголемени за еден процент во однос на истиот месец минатата година. Исплатената нето плата во јануари изнесува 21.185 денари, а бруто платата 31.090 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето кај нето и бруто платата се должи пред се на покачувањето на исплатените плати во секторите Рударство и вадење на камен, Други услужни дејности и Градежништво.

Намалување на нето и бруто платите во однос на претходниот месец е забележано во секторите Информации и комуникации, Административни и помошни услужни дејности и Финансиски дејности и дејности на осигурување.

Во јануари два процента од вработените не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП