16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард потврди: Јуанот во кошница

Лагард потврди: Јуанот во кошница

lagard-nova-lagardrd

Кинеската национална валута јуан ќе биде вклучена во резервната кошница со валути на Mеѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард.

За потсетување, земјите од БРИКС бараа реформа од ММФ во согласност со новите светски значења на нивните економии. На оваа реформа се противат Соединетите Американски Држави, поради што имаа приговор на последниот Самит на Г20, одржан во Анталија.

Пред една година, Кристин Лагард во интервју за Фајненшл Тајмс објасни како во светскиот финансиски ситем треба да им се даде повеќе место на незападните економии, пред се на кинеската, но дека за тоа најмногу попречуваат САД.

„Ќе продолжам со напорите во врска со ова прашање. Ќе одиграм ако е потребно и стомачен танц, за да го постигнам тоа“, изјави таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП