28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрано ново раководство на МАСИТ

Избрано ново раководство на МАСИТ

masit copy

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ на 7. Годишното собрание го избра новото раководство за следниот двегодишен период.

За претседател на Собранието на МАСИТ е избран Игор Бимбилоски од Македонски телеком, а за претседател на Управниот одбор Слаѓан Михајловски од Инфините Солутионс.

На седницата одржана вчера во Стопанската комора на Македонија даден е преглед на активностите на МАСИТ, остварените резултати и реализираните проекти во изминатата година, а презентиран е и финансискиот извештај за работењето на Комората за 2012 година. На Собранието исто така е презентиран и Предлог буџетскиот план и Предлог акцискиот план за работа на Комората за 2013-2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП