18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската трговија на мало бележи благ пад

Германската трговија на мало бележи благ пад

germanska kesa

Приходите од продажба во германската малопродажба забележаа пад во октомври спротивно на очекувањата.

Пред силниот период за индустријата (божиќната сезона) тоа се покажа како пречка за трговијата, која ја започна зимската сезона воздржано на нивото од претходната година.

Како што објави Федералната статистичка служба (Destatis), првичните податоци покажуваат дека продажбата во октомври падна за 0,4% во споредба со претходниот месец. Економистите сепак прогнозираа зголемување од 0,4%.

За септември беше потврдена месечната стагнација.

На годишна основа продажбата во октомври се зголемува за 2,1%. Во првите десет месеци од оваа година германските трговци на мало известуваат за 2,8% повисоки приходи отколку во истиот период од претходната година.

Кај трговијата на мало со непрехранбени стоки приходите растат реално за 1,8%, а номинално за 2,4% над вредностите од минатата година. Притоа онлајн и каталошката трговија, како и во претходните месеци, забележаа повисока од просечната стапка на раст (во реални услови 9.0%, како и 10,6% во номинални услови).

Секторот на трговијата на мало претставува околу 25% од приватната потрошувачка во Германија. Податоците за трговијата на мало многу често се предмет на прилично големи ревизии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП