6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските санкции ќе се одразат и врз турскиот дефицит на тековниот буџет...

Руските санкции ќе се одразат и врз турскиот дефицит на тековниот буџет на платниот биланс

ruski-sankcii

Руските санкции би можеле следната година да го зголемат турскиот дефицит на тековниот буџет на платниот биланс за најмалку пет милијарди долари, тврдат во понеделник економистите и предупредуваат дека тоа во голем дел ја комплицира ситуацијата на Анкара, која во рамки на новата економска платформа се обидува да пронајде решение за дефицитот на државата.

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша во сабота економските санкции против Турција како одговор на соборувањето на рускиот борбен авион Су-24 во близина на границата со Сирија.

Меѓународниот аналитичар Хуан Мануел Карг смета дека уредбата што ја потпиша рускиот претседател ќе и нанесе голема штета на турската економија. Тој додаде дека Путин се фокусирал точно на оние мерки што влијаат врз економијата, бидејќи со тоа најмногу сакаше да го повреди Ердоган.

Од 2001 година билатералната трговија меѓу Турција и Русија од 4,3 милијарди долари порасна до 31 милијарда долари во 2014 година. Кон крајот на минатата година Ердоган вети дека до 2020 година ќе ја зголеми билатералната трговија меѓу Русија и Турција на 100 милијарди долари.

Соборувањето на рускиот бомбардер е удар на билатералната трговија вредна повеќе од 30 милијарди долари годишно, како и на повеќе од две милијарди акумулирани меѓусебни инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП