19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот за недвижности нема да работи на 1-ви и на 7-ми декември

Катастарот за недвижности нема да работи на 1-ви и на 7-ми декември

katastar 333009

Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните и професионалните корисници, нотари, геодетски компании, извршители, општини, дека на 1.12.2015 (вторник) како и на 7.12.2015 (понеделник) електронскиот шалтер како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност – Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.

Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата.

По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП