4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААјдиноски, Гроздановски, Силјан и Софијанова добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Ајдиноски, Гроздановски, Силјан и Софијанова добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

sofijanova

Дефектологот проф. д-р. Горан Ајдински,  теологот, библист и филолог проф. д-р Ратомир Гроздановски, литературниот критичар, поет и есеист Раде Силјан и педијатарот доц. д-р. Сци Аспазија Софијанова, се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија, одлучи годинава нградата да им ија додели на следниве добитници.

Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на проф. д-р. Горан Ајдински, дефектолог и на проф. д-р Ратомир Гроздановски, теолог, библист и филолог.

Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист.

Во областа на здравството наградата и се доделува на доц. д-р. Сци Аспазија Софијанова, педијатар.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2015 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП